Лидерот на Хамас: Регионот нема да биде безбеден сè додека нашиот народ не е слободен и сè додека не се врати на својата земја

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, изјави дека „оние кои го поддржуваат Израел во неговата војна против Хамас ја избираат погрешната страна на историјата“ и го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за војната.

Инаку, војната изби откако терористите на Хамас го нападнаа Израел и во еден ден убија повеќе од 1.400 лица, повеќето цивили, и киднапираа на 200 други, што потоа ги префрлија во Појасот Газа.

Ханија во телевизиско обраќање кажа дека Нетанјаху сака „да ги сврти очите на светот од својата вина“ и додаде дека „САД треба да престанат да ја поддржуваат таа фашистичка влада и да престанат да ги попречуваат меѓународните напори за воспоставување хуманитарен прекин на огнот“.

Прочитајте и:  МКС издаде налог за апсење на Нетанјаху, Галант и лидерот на Хамас

„Вие ја избирате погрешната страна на историјата. Регионот нема да биде безбеден или стабилен се додека нашиот народ не ја добие својата слобода и независност и не се врати на својата земја“, рече тој.

Британските медиуми јавија дека лидерот на Хамас ги повика луѓето да продолжат со протестите, особено на Запад, за да „извршат притисок врз носителите на одлуки“.

Тој, исто така, кажа дека израелските заложници во опколениот Појас Газа се „подложени на истата смрт и уништување“ со кои се соочуваат Палестинците.

МИА

- Реклама -