Преку објава на Фејсбук, попладнево претседателот на Движење Беса – Биљал Касами, информираше дека го исклучил од партијата Кастриот Реџепи, пратеникот кој не дојде во четвртокот во Собранието кога беше поднесена интерпелација за Владата.
„Имајќи ги предвид неодамнешните постапки на пратеникот на Движењето Беса, Кастриот Реџепи, кој не се појави во Собранието предходниот ден, да го поддржи предлогот за недоверба на Владата, со што постапи спротивно на одлуката на партијата во кој случај сериозно го нарушил и престижот на партијата, Движењето Беса, односно јас како претседател на партијата, согласно статутарните норми, односно член 14 став 3 точка 3.3 од Статутот на Движењето Беса, го исклучив гореспоменатиот член од сите партиски функции и тој не е повеќе член на Движењето Беса“, напиша Билал Касами.
Кастриот Реџепи исто така преку социјалната мрежа Фејсбук најави дека во понеделник ќе одржи прес-конференија на која ќе образложи за неговите постапки и недоаѓањето на седницата во Собранието.
МИА