„Лидерите на сите партии да ја направат вистинската работа за земјата и за овие деца“, повика Агелер од Радово

Ги повикувам лидерите на сите партии да ја направат вистинската работа за земјава и за овие деца, изјави денеска американската амбасадорка Анџела Агелер, одговарајќи на новинарско прашање во врска со процесот на уставните измени, кои се предуслов за продолжување на преговорите со ЕУ и ставот на опозицијата дека не прифаќа измени на Уставот под бугарски диктат.

-Тука денеска гледајќи ги овие деца уште поцврсто сум убедена дека е многу важно за оваа земја да биде во Европската Унија. Вие веќе сте дел од Европа и тоа треба да се формализира, придвижувајќи ја земјава кон ЕУ и почнувајќи ги тие дискусии, рече Агелер денеска за време на посетата на селото Радово по повод пуштање во употреба на предучилишен едукативен центар во Босилево, преку програма на УСАИД.

Прочитајте и:  Муцунски: Ќе продолжиме да работиме на патот кон ЕУ и да испорачуваме резултати

Таа истакна дека придвижувањето на земјата кон ЕУ е во интерес на сите, а особено на најмладите, кои ќе бидат мотивирани да останат во државата и во неа да бараат можности.

-Знам дека е тешко, но само погледнете ги овие деца, ние не сме во ЕУ, ние од САД не сме во Европа, но тоа го правите за овие деца да имаат можности и за да сакаат да останат во оваа земја кога ќе пораснат, кога ќе завршат средно училиште, кога ќе одат на факултет, тие се вашиот пример зошто тоа е важно, рече Агелер.

МИА

- Реклама -