„Странски служби“, „Друмарина“, „Рентген“, „Продуцент“, „Лидери“, „Тарифа 2“ и „Транспортер 2“ се имињата на нови истражни постапки кои ги започнува СЈО, а во кои се осомничени 17 лица.
„Странски служби“ се однесува на злоупотреба на службена должност, а осомничени се две лица.
„Друмарина“ се однесува на поранешна пратеничка за злоупотреба на правото на наплата на патни трошоци од државниот буџет.
„Рентген“ е предмет во кој е осомничен поранешен министер за здравство кој фаворизирал фирма при набавка на медицинска опрема.
„Продуцент“ се однесува на поранешен министер за земјоделство кој неовластено финансирал телевизиска емисија.
„Лидери“ се однесува на договор за бесправно рушење на објект, а осомничено е лицето кое се јавува како инвеститор.
„Тарифа 2“ е во врска со сомнежи за злоупотреба при имплементација на ЕРП софтвер во ЕЛЕМ.
„Транспортер 2“ е продолжение на „Транспортер“, а се однесува на превозот на ученици во Битола. Се води против 10 осомничени.