Ли Раналдо на шестиот ЗДРАВО МЛАДИ

ranaldo2
 ЗДРАВО МЛАДИ 2016 се пофали со најновото има кое потврди присуство – Ли Раналдо.
Lee Ranaldo е култен американски гитарист и кантавтор, кој популарноста ја стекнува како гитарист и еден од основачите на бендот SONIC YOUTH, а по распадот на SONIC YOUTH работи на нeколку самостојни проекти. Еден од нив е и LEE RANALDO TRIO, кое за првпат доаѓа во Македонија, токму на шестиот ЗДРАВО МЛАДИ!
Во текот на 30-годишната кариера во, по многумина, најзначајниот алтер-рок бенд на сите времиња – SONIC YOUTH, Ли Раналдо и Турстон Мур го редефинираа звукот на рок музиката, а особено на звукот на гитарата, користејќи неортодоксни пристапи на штимањето на гитарите како и во самото свирење. Музичкиот магазин SPIN во 2012 година им го доделува првото место во својот избор на најголемите гитаристи на сите времиња.
ranaldo1
 По распаѓањето на SONIC YOUTH, Раналдо не мирува, туку во соработка со Nels Cline од WILCO, Steve Shelley од SONIC YOUTH, Alan Licht, John Medeski и Jim O’Rourke го снима најпрво “Between Times and the Tides” (2012), а потоа, во малку изменета постава и албумот “Last Night on Earth” (2013), и двата албума во изданије на угледниот Matador Records (Yo La Tengo, Interpol, Queens of the Stone Age, Kurt Vile…).
Секој крај значи нов почеток, покрај очекуваната меланхолично-експериментална страна, каква што искажуваше и во SONIC YOUTH со песните “Mote” или “Karen Revisited”, но и со силното влијаније на акустичниот инстурументариум, Ли Раналдо во двата нови соло албуми покажува и неочекувана љубов кон класичната рок форма, која силно може да се забележи во песната “Off the Wall”.
Како извонреден гитарист, но и како голем познавач на музиката, Раналдо е ангажиран и од продуцентите на популарната “HBO” серија “Vinyl”, за да избере соработници, песни, но и со директно свирење да го поддржи панк бендот во создавање, “Nasty Bits”. Со други зборови, секогаш кога во серијата ќе ги слушнете младите лути панкери, всушност го слушате Ли Раналдо и неговото друштво.
- Реклама -