Во Јужна Кореја, војната помеѓу двата гиганти во однос на супериорноста на дисплејот никогаш не завршува.
Најновиот и најдобриот панел доаѓа од LG, кој што објави неверојатен IPS-LCD панел од еден од претстојните телефони. Прототипот на екранот има диспеј од 5.5 инчи кој користи WQHD резолуција од 2560х1440 пиксели, која е досега видена кај мониторите од 27 инчи. Густината е со неверојатни 538 пиксели на инч, што е рекорд за пиксел густина на смартфони.
Секако дека со дисплеи кои се мали како смартфони е фер да се праша дали повеќето луѓе навистина ќе ја забележат разликата помеѓу екран кој има 538 ppi и оној кој има 468 ppi како што е HTC One. LG исто така потврди дека неговиот нов панел е само 1.21 милиметри тенок што го прави потенок од било кој друг дисплеј во светот.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk