LG наскоро почнува со производство на флексибилни екрани

LG се очекува да ја зацврсти својата водечка улога во пазарот на дисплеи со масовно производство на нови флексибилни и некршливи панели за смартфони за своите клиенти започнувајќи со производство во четвртиот квартал оваа година.

Компанијата во соопштение за Korea Times потврди дека е завршен развојот на своите флексибилни дисплеи и е закажано да започне производство за три-четири месеци. LG се обидува да направи скок во конкуренцијата и планира да издаде смартфон со флексибилен екран при крајот на 2013 година.

lgd-5-inch-plastic-oled1530x290_200613_001259

Исто така, Samsung е во процес на развивање на некршливи дисплеи и панели кои се свиткуваат, но сепак тие не се очеуваат да пристигнат до втората половина на 2014 година. LG проценува дека ќе произведува 12000 плочи месечно на OLED флексибилни дисплеи кога ќе започне производството за неколку месеци оваа година.

lg-flexible-display-640x353

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -