LG ќе го прави флексибилниот часовник Apple iWatch

Вториот по вредност корејски производител LG е во преговори со Apple за снабдување со флексибилни OLED екрани за употреба во првиот паметен часовник на компанијата популарно наречен iWatch.

Apple-iWatch transparent(1)

На овој начин Apple ќе ја продолжи традицијата на соработка со корејски компании за набавка на екрани, но наместо Samsung во игра влегува LG кој покажа дека има поголем развој во новата област на флексибилни дисплеи од различни големини.Samsung исто така ги понудил своите производи но, со оглед на лошите односи меѓу двете компании понудата била одбиена.

apple-iwatch(1)

Доколку се реализира договорот Apple ќе стекне значајна предност со својот паметен часовник iWatch кој ќе биде прв на пазарот со флексибилен дисплеј. iWatch би требало да се појави наредната година иако има бројни шпекулации кои тврдат дека можно е да го видиме многу порано во текот на наредните месеци.

Прочитајте и:  ЕУ бара „Епл“ да престане да ги дискриминира европските потрошувачи врз основа на местото на живеење

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -