Dual-Core мобилните телефони се предвидени како иднината за нивната индустрија уште пред неколку години. Сега конечно можеме да ја вкусиме таа иднина со новиот телефон на LG наречен Optimus 2X.
Првиот Dual-Core смарт телефон работи на 1 гигахерц Nvidia Terga 2 процесор и има 4 инчен WVGA екран, 8 гигабајти внатрешна меморија со можност за надолпонување со microSD картичка до 32 гигабајти. Исто така, импресивно е што има 8 мегапиксели камера од задната страна со можност за снимање 1080p Full HD видео. Од предната страна има втора камера за видео разговори од 1.3 мегапиксели.
Дополнително, овој телефон има акцелерометар, сензор за жироскоп и micro-USB порт. Подржува HDMI пренос што дозволува да го врзете со надворешни уреди во Full HD квалитет. Телефонот исто така може да се поврзе безжично со домашни мрежи и HDTV уреди преку DLNA.
LG Optimus 2X ќе излезе во продажба со Android 2.2, но подоцна ќе добие надградба на Android 2.3. Би требало да се појави следниот месец и тоа најпрво во J. Кореjа, проследено со продажба во Европа и Азија. виа Mashable