Левица: Власта планира да вклучи провокатори, се обидува со перфидни методи да даде друга димензија на протестите

„Откако вчера квислиншката власт се соочи со искрениот револт на народот, истата се обидува со перфидни методи да даде друга димензија на протестите – во нивниот препознатлив манипулативен и спинувачки стил“, обвинуваат од Левица.

Како што велат од партијата, „благодарение на совесни вработени во службите“, до нив пристигнале информации дека власта има сериозни намери да вклучи провокатори во протестите. Целта, според Левица, е да се предизвикаат сериозни нарушувања на јавниот ред и мир „за да ги оправдаат нивните полициско-репресивни активности“ и да се обесхрабри македонскиот народ да дојде да го изрази правото на протест против националните предавства.

„Ваквите методи на делување не се воопшто за изненадувањеод страна на еден тоталитарен и хибриден режим“, велат од Левица, при што потенцираат дека нивните членови во ниту еден момент не ја загрозиле безбедноста на полициските службеници вчера, ниту пак фрлале со тврди предмети. Така, велат, ќе биде и на денешниот протест.

Прочитајте и:  Околу 30 автобуси возат низ Скопје, граѓаните револтирани, вонредни седници на Владата и на Советот на Град Скопје

„Потенцираме дека членовите на Левица не носат фантомки, а секое лице кое во таква форма ќе биде забележано ќе биде изолирано и нема да му се даде поддршка во неговите активности“, уверуваат од партијата.

Од Левица додаваат и дека „СДС нема никаков легитимитет да говори за насилство на протести – затоа што сиот народ е свесен на каков начин дојдоа на власт! Кога неправдата станува закон – отпорот станува должност“, се вели во соопштението.

- Реклама -