Левица станува најбрзорастечката партија во Република Македонија – пишува професорот Димитар Апасиев на Фејсбук.
Само минатата недела се пополнети околу стотина нови пристапници! Народот природно си ја одбира својата „трета опција“ После Кочани и Крива Паланка, денес сме во мојот роден Велес. Приквечер, во пет, ја отвораме новата канцеларија во центарот на градот (на улицата од Јаворот накај Дворови). Кој сака – бујрум.
p.s. Наскоро продолжуваме во Аеродром, Карпош, Прилеп, Куманово… До избори – низ цела Македонија, а по избори – у парламент, пишува Апасиев.
Неодамна Апасиев напиша дека Левица за прв пат ќе стане парламентарна партија, која ќе ги помати елитистички сметки во земјава