Левица: Пратеникот Апасиев со свирче го прекина говорот на Урсула, МТВ го цензурираше моментот

На денешното обраќање на претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен, опозицискиот пратеник и лидер на Левица, проф. Димитар Апасиев, со свирежи од свирче го прекина нејзиниот говор и остави транспарент на собраниската говорница со наслов: „Македонија вели НЕ“, информираат од политичката партија Левица.

Како што велат од партијата, Собранискиот канал на МТВ го цензурираше овој момент од директниот пренос, свртувајќи ги камерите од овој потег на изразување револт од страна на пратеникот на Левица.

Прочитајте и:  Пешевска: Барам јавно извинување од колегите од Левица за вчерашното однесување и за зборовите изустени и упатени кон нечија мајка, сопруга, ќерка, девојка
- Реклама -