Левицата и студентските здруженија во Франција повикуваат на демонстрации против Макрон

Екстремно левичарската партија „Непокорна Франција“, како и неколку студентски здруженија, денеска повикаа на мобилизација откако претседателот Емануел Макрон одби да ја назначи Луси Кастес од левицата за мандат за новата влада.

Тие повикаа на големи демонстрации против Макрон на 7 септември, се вели во соопштението за печатот, објави францускиот „Индипендент“.

Францускиот претседател вчера ја отфрли можноста коалицијата Новиот народен фронт (ЛФИ) да формира влада, по што коалицијата се приклучи на повиците на Унијата на студенти и Асоцијацијата на високообразовни институции за, како што наведоа, „демонстрации против автократијата на Емануел Макрон“.

Прочитајте и:  Макрон го повика Путин да се вразуми, а Кина да го притисне за деескалација... потегот на Бајден го смета за „добра одлука“
- Реклама -