Политичката партија Левица ќе предложи законски измени кои предвидуваат строги мерки за регулирање на коцкањето и рекламирањето на игрите на среќа. Ова го истакна пратеникот Амар Мециновиќ на денешната прес-конференција. Според новите предлози, казината и автомат клубовите ќе можат да функционираат само во граничен појас до пет километри од границата или во разрешени хотели со пет ѕвезди.
Мециновиќ нагласи дека институциите треба да докажат дека заштитата на човечкото достоинство, семејната стабилност и иднината на младите се поважни од финансискиот интерес на коцкарската индустрија. „Прашањето е дали ќе дозволиме цели населби да бидат оптоварени со индустрија која профитира од надежта, стравот и економската несигурност на граѓаните во период на опаѓање на животните услови“, рече Мециновиќ.
Тој истакна дека коцкањето долго време не било сериозно дискутирано во Собранието и додаде дека индустријата за коцкање собира добивка од сиромаштијата и економската нестабилност на граѓаните. Според него, со предложените законски измени, државата ќе може да покаже дека знае да ги заштити своите граѓани. Левица планира и ограничување на рекламирањето на коцкањето, со цел да се спречи, како што велат, „агресивната нормализација“ на игрите на среќа во јавниот простор.




