Левандовски во кревет со пехарот што го бркаше 15 години (ФОТО)

По 15 години фудбалска кариера, полскиот напаѓач Роберт Левандовски синоќа за првпат го крена пехарот во Лигата на шампионите, откако Баерн Минхен го совлада ПСЖ со 0-1 и по шести пат стана европски првак.

Но, освен тоа, 32-годишниот Полјак постигна и уникатен хет-трик – тој е прв стрелец во секое од трите натпреварувања во кои учествуваше: Ја предводи Бундеслигата со 34 гола, германскиот куп со 6 гола и Лигата на шампионите со 15 гола.

Покрај тоа, запиша и шест асистенции во ЛШ и 4 асистенции во германската лига.

Левандовски, притоа, знаеше и како најдобро да го прослави сето ова – заврши во кревет со пехарот.

Прочитајте и:  Артета се пожали на романскиот судија по поразот од Интер
- Реклама -