Роберт Левандовски официјално објави дека ја напушта Барселона на крајот од сезоната.
Полскиот напаѓач се збогува со каталонскиот клуб со емотивна порака на Инстаграм, ставајќи крај на неколку месечните шпекулации околу неговата иднина.
„По четири години исполнети со предизвици и напорна работа, време е да продолжам понатаму. Заминувам со чувство дека мисијата е завршена. Четири сезони, три трофеи“, пишува Левандовски.
Искусниот голгетер посебно го нагласи односот со навивачите и животот во Каталонија.
„Никогаш нема да ја заборавам љубовта што ја добив од навивачите од самиот почеток. Каталонија е мојот дом“, изјави Полјакот.
На крајот од својата проштална порака, испрати јасна порака до навивачите на Барселона.
„Барса се врати на местото каде што припаѓа. Виска Ел Барса. Вива Каталонија“, заклучи Левандовски.
Полскиот напаѓач пристигна во Барселона во 2022 година од Баерн и брзо стана еден од лидерите на тимот. Тој учествуваше во 191 натпревар за Барса, постигнувајќи 119 голови и 24 асистенции.
Фото/ Depositphotos




