Токму на Светскиот ден на инстаграмџиите, 26-ти јули, телекомуникацискиот оператор ONE го објавува првиот Инстаграм фото конкурс во Македонија, насловен како ONE #Letogram.
Почнувајќи од 26-ти јули па сè до 14-ти септември, македонските инстаграмџии ќе имаат единствена можност да ги споделат своите фотографии сликани преку мобилен телефон, со таг #letogram, користејќи ја најпопуларната мобилна фото апликација Instagram и да учествуваат во првиот Инстаграм фото конкурс во Македонија.
За оние кои не се запознаени со оваа фото апликација за смартфони (iOS и Android), Instagram ви овозможува на лесен начин да додавате фото филтри и рамки на вашите фотографии, што придонесува за поартистички изглед на истите. Воедно, тоа е заедница на мобилни фотографи каде можете да ги следите фотографиите на пријатели, познати и непознати луѓе, но и тие да ги следат вашите фотографии. Неодамна, Facebook го купи Instagram за неверојатни 1 милијарда долари.
Ако ја немате апликацијата и би сакале да учествувате во фото конкурсот ONE #Letogram, преземете го Instagram тука.
Темата на првиот Инстаграм фото конкурс е „Долго, топло лето“, инспирирана од летото и летните одмори. Дополнително, во текот на летото, Горан Костовски – ind.o.g ќе објавува фотографии на Инстаграм профилот на ONE.
„Вистинско задоволство е да се најави еден ваков проект кој во себе интегрира уметност и современа технологија, дотолку повеќе што проектот ќе се одвива комплетно на социјалните медиуми како платформа – кои се составен дел од современото живеење, а Инстаграм апликацијата составен дел на современите мобилни уреди. Целта на овој проект е да покажеме дека мобилните телефони не се само средство за комуникација туку и средство за креативен израз, правење фотографии или снимање видео што пак е поддржано од ONE во еден друг проект веќе трета година по ред – Мобил Фестивал. ONE е прва компанија во Македонија која ја мобилизира и наградува македонската Инстаграм заедница, а наша тенденција е вакви и слични проекти да поддржуваме и во иднина“ – изјави Генералниот извршен директор на ONE, г. Цирил Кафол.
Наградниот конкурс се состои од три фази:
- Во првата фаза, која ќе трае до 25-то август сите заинтересирани можат да ги вклучат своите фотографии во конкурсот, со едноставно додавање на тагот #Letogram на својата јавно објавена фотографија.
- Во втората фаза, тричлено стручно жири во чиј состав ќе биде и Горан Костовски – ind.o.g, ќе одбере топ 10 фотографии, а за 3 од нив ќе се гласа на Facebook фан страницата на ONE во периодот од 1-ви до 10-ти септември.
- Во финалната фаза е предвидена изложба на сите фотографии и прогласување на најдобрите три.
Конечно, трите најдобри фотографии ќе бидат наградени: авторот на најдобрата фотографија со еден смартфон HTC One V, а второ и трето пласираните фотографии ќе добијат мобилни гaџети, односно фото објективи за мобилен телефон.
Излезете надвор, фотографирајте и споделете ги вашите фотки! Познавајќи го квалитетот на фотографии на Инстаграм заедницата во Македонија, веруваме дека ќе има многу убави дела. [ONE #Letogram]