Како да ги избегнете замките на летните авантури

Летото е совршеното годишно време за слободните девојки. Опуштена атмосфера, летувања на далечни места каде никој не ве познава, флерт и додворување… Меѓутоа, тоа може да биде добра подлога за многу грешки и скршено срце. Следете ги следниве неколку правила за летен флерт, за да бидете сигурни дека есента ќе ја дочекате со ладна глава.

Идеја за возбудлив и секси одмор

Летната авантура има рок на траење, а тој е од една вечер до три месеци. Пред да се впуштите во флертување со некој маж додека уживате на плажа, бидете сигурни дека немате нереални очекувања. Иако постојат исклучоци, најчесто летните авантури се со краток рок на траење и крајниот исход е малку забава, а не долга љубов.

Избегнувајте ги колегите

Воздржете се од авантури со пријателите или колегите. Никогаш не треба да почнувате нешто со личноста за која знаете дека ќе треба да ја гледате секојдневно откако летото ќе заврши.

Поставете граници

Откако вие ќе бидете на чисто за тоа што точно очекувата од летната романса, бидете сигурни дека и партнерот има исти очекувања. Објаснете му дека сакате само забава и дека не треба да очекува ништо повеќе од тоа, нормално ако и вие навистина само тоа го сакате.

Не очекувајте премногу

Ако минатото лето имавте незаборавна авантура со некој дечко од местото на кое летувавте, не очекувајте дека тоа ќе се повтори само ако годинава одлучите да летувате на истото место.

Зашитете се

Летото е период кога огромен број луѓе имаат незаштитени сексуални односи, па поради тоа може да завршите со несакана бременост или со сексуално пренослива инфекција. Не дозволувајте тоа да ви се случи и секогаш практикувајте безбеден секс.

- Реклама -