Топ четири летни фризури

Летото е дефинитивно сезоната во која не треба да се грижите за модните правила. Слободно експериментирајте со косата, како и со облеката и ќе го добиете саканиот лежерен изглед во топлите денови.

Колоритно

Наједноставен начин да си поиграте со летната фризура е да вметнете некоја јака боја во вашата коса. Независно дали ќе се одлучите за обоени прамени во розова, виолетова или портокалова боја, или, пак, ќе одберете додатоци што ќе ги вметнувате во косата по потреба, несомнено ќе бидете уникатни и впечатливи. Само, не заборавајте дека јаките бои може да бидат нападни, затоа задржете се на неколку помали прамени.

Рајска птица

Ако сакате да му дадете бохо-печат на вашиот изглед, тогаш иделен избор се вештачките додатоци за коса со пердуви, особено имитациите на пердуви од паун. Не само што токму боите на паунот се ин ова лето, туку и вашата коса ќе изгледа шик и кул истовремено.

Поинаква пунџа

Летово заборавете на стандардната пунџа, со сета коса собрана високо на темето и одлучете се за малку поинаков изглед. Соберете ги горните прамени во мала пунџа на средината на главата, а остатокот од косата нека паѓа слободно по вашите рамена.

Секси

Трендот што никогаш не излегува од мода е лежерната коса, која изгледа како воопшто да не сте ја допреле со чешел, особено кога е стилот на плажа во прашање. Измијте ја косата со обична вода откако ќе завршите со капењето и дозволете му на ветерот да направи да изгледате безвременски секси.

 

- Реклама -