Силниот ветер што попладнево се раздува во Скопје не помина без последици. Имено, како што можете да видите од фотографиите, ветерот го откорнал лимениот кров на една од зградите на ул. Бранислав Нушиќ во населбата Карпош, кој потоа летнал кон зградата отспротива, оштетувајќи повеќе прозорци, ролетни, како и самата фасада на соседната зграда.