Летна Академија „Правата на младите и како тие се застапуваат со нив?“

Europe House Veles во соработка со Mладински Центар Велес / Youth Center Veles ја претставуваат Летната Академија „Правата на младите и како тие се застапуваат со нив?“

Академијата ќе се одвива во пет дела, од јули до септември, и ќе ги опфати најважните аспекти за правата на младите и начините на нивно застапување.

„Како што знаеме, човековите права се темел за правата на младите. На академијата ќе се презентираат основните документи што ги дефинираат правата, слободите и обврските на младите, како и начини на остварување на правата и механизмите за нивна заштита. Младинското учество, активизмот и волонтерството се клучни за активното граѓанство. Преку оваа академија, младите ќе научат како нивниот глас може да биде слушнат и како можат да придонесат за своите заедници. Ќе се разгледуваат и теми за застапување и лобирање како механизми за реализација на правата на младите а и ќе се дискутира како младите можат да се застапуваат за своите права и да учествуваат во процесите на носење одлуки и креирање политики“, велат од Europe House Veles

Првиот дел на академијата започнува на 19-ти јули.

- Реклама -