Летен лубеница-десерт од три состојки

Кришка лубеница во топлите денови е секогаш одлична идеја, но, сте помислиле ли на тоа да ја вкусите во малку поинаква варијанта? Оваа која ние ви ја нудиме во продолжение, сигурни сме дека не сте ја пробале, еднакво колку што сме сигурни дека ќе ви се допадне толку многу, што едвај ќе чекате да си ја приготвите повторно.

Пред да ви го покажеме рецептот, важно е да имате во предвид дека потребно е да пронајдете лубеница која во себе содржи што е можно помалку семки кои ќе се потрудите да ги извадите. За таа цел, ние ви препорачуваме да одберете некоја од големите маркети, лубеница која е веќе преполовена, и која навестува како изгледа одвнатре.

Watermelon-1Рецепт:

– Половина лубеница без семки, исечкана на коцки;
– 5 и пол лажици шеќер;
– Сок од два свежо исцедени лимони со средна големина.

Watermelon-Granita-4Подготовка:

Додадете ги трите состојки во блендер и мешајте додека да се раздробат. Префрлете ја добиената смеса во лимен сад и ставете ја во ладилник да отстои околу 1 час. Потоа извадете го садот, добро промешајте, и вратете го назад во ладилникот уште три часа. Послужете во чашки, или во испразнетата кора од лубеницата.

Уживајте!

Watermelon-Granita-7

- Реклама -