Летачки автомобили ќе се појават на пазарот за две години

Во наредните години, најверојатно во 2016 година, компанијата Terrafugi планира на пазарот да го претстави својот уникатен летечки автомобил. Автомобилот е сертифициран од американските регулатори , а неговата цена ќе биде 280 000 долари.

“Над 100 примероци од моделот Transition веќе се нарачани за производство“, изјави во интервју за BBC потпретседателот на Terrafugia – Ричард Герш.
За да знае како се управува овој тип автомобили , човек ќе треба да има лиценца за пилот и обична возачка дозвола. На земјата , овој аеромобил ќе работи со обичен бензинец откако ќе си ги собере крилата. Во воздухот сепак Transition ќе го вклучува пропелерскиот мотор Rotax 912ULS со моќност 100 коњски сили .

Со полн резервоар, машината може да измине 787 километри во воздухот и 105 километри на земјата. Transition се трансформира од автомобил во авион само за една минута. Со целосно раширени крилја овој трансформер ќе може да развие брзина од 185 километри на час.
Terrafugi Transition е првиот проект за аеромобили во САД, сертифициран од две одделенија – за копнен и воздушен транспорт, односно Националниот администрација за безбедност на сообраќајот (NHTSA) и Федералната служба за управување на цивилната авијација (FAA).

Във въздуха обаче Transition включва витлов двигател Rotax 912ULS с мощност 100 конски сили

За да добие на височина , на Transition му треба писта или обичен пат со должина минимум 500 метри. Инвеститорот планира да го реши овој проблем со следниот модел – TF- X , кој ќе има хибриден погонски механизам , опремен со систем за вертикално полетување и слетување . Максималната брзина на новиот модел во воздухот ќе достигнува 320 км / час.
Terrafugia TF -X ќе има целосно електронско управување, а возачот ќе му ја кажува на компјутерот само точката на слетување и неколку резервни места,а системот сама ќе управува, анализирајќи ги условите. Аеромобилот ќе биде опремена со резервен падобран и систем за итно автоматско слетување . Според зборовите на Герш , проектот Terrafugia TF -X може да стане реалност по 8-10 години.

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -