Лесно и бесплатно онлајн скенирање на фајлови

v1rus.jpg Деновиве во нашата редакција ни пристигна елекртонска пошта од наш верен читател – Александар. Тој се сомнева во валидноста на резултатите од неговиот антивирус и го интересира дали може без дополнителни инсталиции на други антивируси да "спие мирно". Со оглед на тоа што во нашите канцеларии се користи Ubuntu ние вакви проблеми немаме. Александар, направив истражување и до твојот одговор можеш да дојдеш со само еден клик.

Сите фајлови кои ти се сомнителни е најдобро да ги скенираш со некој од бесплатните онлајн скенери. Постојат многу, но јас би ги издвоил следните четири.

Како прв на листата би го ставил Dr.Web поради лесната интеграција со Firefox . По него би следувал сервисот Virus Total кој исто така нуди добра интеграција со windows explorer и можност фајловите да бидат испратени по електронска пошта. Доколку фајловите ги поминат овие два теста во кои се вклучени околу триесет антивируси можеш да ги провериш и на Virus.org како и на овој сервис . Самите сервиси тврдат дека овие резултати не се секогаш 100% точни, затоа секогаш внимавај.
 

- Реклама -