Лесно е кога си Владимир Путин: Рускиот претседател играше хокеј, постигна пет гола (ВИДЕО)

Викендов рускиот претседател Владимир Путин учествуваше во традиционалниот ревијален меч во хокеј на Црвениот плоштад во Москва.

Мечот се игра секоја година, а во него учествуваат руски политичари и поранешни ѕвезди од руската Национална хокеј лига. Годинава, на пример, меѓу учесниците беа рускиот министер за одбрана – Сергеј Шојгу, и хокеарските руски легенди Вјачеслав Фетисов и Павел Буре.

Путин игра секоја година, впрочем натпреварот е и основан од него лично. Овојпат даде пет гола, а неговиот тим победи со 14:10.

Да, лесно е кога сте претседател на Русија и играте со темпо на баби, ама па и Путин не е така млад ко што изгледа – ги има 66 години.

Прочитајте и:  Макрон го повика Путин да се вразуми, а Кина да го притисне за деескалација... потегот на Бајден го смета за „добра одлука“

- Реклама -