Лесно е да си фотограф на Корзика

Андриа Панкрази е француски фотограф од… Корзика, нели. Го опишува медитеранскиот остров како постојано подзамижан од жештина. Заживува кога доаѓа приквечерината; птиците пеат, луѓето повторно излегуваат… Баш во тие часови, сé наоколу добива розева боја, а Корзика станува како да е дел од сон, како некаква носталгична, многу естетски привлечна и смирувачка верзија на реалноста.

И баш тогаш Андриа почнува да фотографира, бидејќи сака да ја долови токму таа мистериозна и надреална атмосфера која како да не припаѓа на нашиов свет. Судејќи по совршеноста на фотографиите, се чини како на Корзика тоа да е премногу лесно.

PS. Адриа вели дека црпи влијание од филмовите на Дејвид Линч и од генералната естетика на ’80-тите. Можеби и сами забележавте.

- Реклама -