Лепеза – задолжителен моден детаљ за летните горештини

Зошто ова лето да не ги споите убавото и корисното, и да се ладите при неподносливите горештини со вашиот нов моден додаток?

Bamboo-Gift-Hand-Fan

Во културата на Кина и Јапонија, владетелите на дворовите имале специјални уметници кои се занимавале со украсување на лепезите со цртежи и стихови. Низ вековите тие се всадиле длабоко во културата на овие земји и со времето постанале еден од главните синоними за источната култура. Денес можеме да ги најдеме во разни модели и бои, а одговараат на стилот на секоја жена.

7ec367b230159ef7e4316bc3677b72f5

Педрувести, чипкани, свилени, дрвени, бамбусови и многу други материјали се користат за изработката на овој практичен и корисен летен моден додаток. Со оглед на тоа што летото дури сега започнува да затоплува, никако немојте да ја заборавите вашата лепеза дома, која освен што ќе ве разлади, ќе допринесе и до модерен и необичен изглед.

8a773948134182d60372a6df3d5c23cb 570771777_661 b90c284750358045515fa1983c81c97c e58a2dd2f8f816b2994526d056803cfb F5B-sandalwood-fan faecher_seide_lavendel Hand_fan_1815_1820 il_fullxfull.359457307_ncjp104098689951d93652e95cc016313519_orig

- Реклама -