Српската фолкерка Лепа Брена ужива на Флорида со семејството, а имаше шанса да биде во друштво и на славниот Клиф Вилијамс од AC/DC.
Заедничката фотографија со Клиф, Лепа Брена ја објави на Facebook.
Брена замина во Америка да ги посети синови кои се образуваат на Мајами. Таа објави и неколку фотографии на профилот на Facebook и покажа дека одлично се забавува.
За оние кои не знаат AC/DC се австралиски хард рок бенд што во 1973 година во Сиднеј го основале браќата Малколм и Ангус Јанг. Се сметаат за пионири на хеви металот заедно со Led Zeppelin, Deep Purple и Black Sabbath.