Пејачката Лепа Брена, пуштена е од клиниката за ортопедија „Ловран“ во Хрватска, откога нејзините резултати биле добри по контролата.
Пет дена откако ги скршила двете раце, и четири дена по операциите, најголемата ѕвезда на Балканот Лепа Брена излезе од специјалната болница „Ловран“.
Доктор Хрвоје Мокровиќ, кој лично ја оперирал и лекувал Брена, потврдил за медиумите дека нејзиниот сопруг Боба инсистирал пејачката да биде пуштена на домашно лекување откога нејзините резултати биле добри.
Според неофицијалните извештаи, оздравувањето на пејачката ќе трае околу шест недели, по што Брена би требало целосно да се опорави.