Леонардо ДиКаприо ја запроси својата девојка, манекенката Кели Рорбач. Тие се заедно четири месеци, и очигледно е дека Лео си ја пронајде својата сродна душа.
Наводно, запросувањето се случило во еден ресторан. „ Леонардо не планираше да ја запроси Кели, едноставно се се случи спонтано додека вечераа. Тие пиеја црвено вино и уживаа во меѓусебното друштво. Очигледно е дека се многу заљубени“, изјави неименуван извор и додава дека тие се многу поврзани и дека Лео чувствува нешто посебно спрема оваа девојка.