Познат по тоа што милува врски со манекнки, актерот Леонардо ДиКаприо се наоѓа пред нова афера, или можеби авантура. Наводно тој и го удрил меракот на поранешниот ангел на Викторија сикрет, Миранда Кер.
Познатиот актер и убавата манекенка биле снимени на вечера во Лас Вегас во друштво на 15-тина пријатели, а еден од гостите во ресторанот изјави дека тие многу добро се забавувале.
Манекенката седела наспроти Леонардо, во друштво на две пријателки и наводно разговарале за забавата од претходната ноќ.
Миранда минатиот месец потврди дека по три години брак се разведува од сопругот Орландо Блум и призна дека веќе неколку месеци не живеат заедно.