Лени Кравиц дизајнира чевли

Пејачот Лени Кравиц навлезе и во дизајнерските води. Тој дизајнираше линија на машки летни чевли за калифорнискиот бренд „Томс“.

Популарниот 47-годишен музичар се нашол во улога на дизајнер, откако на тоа го наговорила неговата ќерка Зои, која секогаш носи чевли со потписот на овој бренд.

Кравиц објаснил дека моделот на чевли навистина му се допаднал, затоа што го потсетувал на обувките што неговата мајка ги носела во седумдесетите години на минатиот век, а за нив понудил повеќе различни дизајнерски шеми.

Еден модел е инспириран од неговата песна „Let Love Rule“. Станува збор за црни чевли, на кои со бела и со розова боја е испишан насловот на нумерата.

- Реклама -