Ленард, кај ќе ти одат парите?!

kawhi%20leonard[1]

Сметате дека сите милионери возат луксузни коли, така? Е па, вистината е, речиси сите.

Минатата година, ѕвездата на Сан Антонио Спарс – Кавај Ленард, потпиша договор на 5 години, вреден 94 милиони долари, a сепак, не го промени начинот на живот. Ленард не парадира со блескав накит и скапи коли. Нема ни друштвени профили со милиони следбеници, ниту пак голема активност на друштвените мрежи.

Денес Ленард има 24 години и сé уште го вози стариот модел на Chevrolet Tahoe од 1997 година. Леброн Џејмс, на пример, возеше Hummer уште пред да влезе во NBA. И така, Ленард уште си ја вози „ламјата“ (како што го нарекуваат џипот) од младешките години, и покрај тоа што не е меѓу најекономичните. „Се тркала“, коментира сопственикот.

Tahoe1[1]И покрај милионите, Ленард го поминува летото во апартманот со неимпресивни две спални во Сан Диего, каде што има сопствен кош и често е виден како игра кошарка. Дури и кога оди на фитнес, Ленард со себе носи баскет – не знаеш кога и каде ќе ти се приигра, зар не?

Кавај дефинитивно не е љубител на непотребни трошоци. Тој има и договор за спонзорство со Wingstop – компанијата што ги продава најпопуларните пилешки крилца во САД. Кон крајот на минатата година, некаде пред потпишувањeто на договорот од 94 милиони долари, од Wingstop му испратија бесплатни купони за пилешки крилца во нивните ресторани. Во меѓувреме, ѕвездата на Спарси ги губи и, според сведоштвата на неговите блиски, го преплавува блага паника. За среќа, Wingstop брзо реагираат и му праќаат нови купони.

- Реклама -