,,Лена и Владимир“ со две награди на Медитеранскиот и Европски Филмски Фестивал во Требиње

Филмот „Лена и Владимир“ во режија на Игор Алексов доби две награди на Медитеранскиот и Европски Филмски Фестивал во Требиње.

Актерот Тони Наумовски ја доби „Големата повелба на ЛЕОТАР“ за неговиот воодушевувачки портрет на Владимир. ,,Неговата минималистичка и емотивно моќна интерпретација на комплексниот лик на Владимир во филмот во режија на Игор Алексов, беше навистина исклучителна” се вели во објавата за наградата.

Директорот на фотографија, Душан Кардалевски, освои награда за неговата „визуелно и колоритно раскошна фотографија“ која ја оживеа модерната филмска бајка на начин кој истовремено е фасцинантен и незаборавен.

Прочитајте и:  Македонскиот краткометражен филм „Сценариото“ на Александра Кардалевска ги освои светските филмски фестивали
- Реклама -