Освен како традиционален алкохолен пијалок задолжителeн за трпезата на Балканот, ракијата може да ви послужи и како одличен лек од домашната аптека. Погледнете што може да лекувате со ракија.
Ракијата има антисептично, антивирусно и антибактериско дејство, што ја прави одличен природен лек. Таа се користи најчесто при заболувања на дишните патишта како бронхитис, при воспалени крајници, болно грло и кашлица. Ракијата помага и при ангина, бидејќи влијае на грлото и ја смирува кашлицата.
При температура се прават облоги на болниот, за да може тој да се испоти и да ги исфрли токсините од организмот. Ракијата се користи и при ревматизам, како и болки во зглобовите. Според „бабините“ рецепти натопената крпа со ракија се става на носот за лекување на настинка и затнат нос. Некои го користат пијалокот и за стоматолошки проблеми како забоболка, бидејќи ја намалува непријатноста.
Пиењето една чашка ракија дневно исто така има корисно дејство за организмот. Умерената консумација на пијалокот го подобрува крвниот притисок, ги заздравува ѕидовите на крвните садови и се бори со лошиот холестерол.
Рецепти за лекување со ракија
Болни крајници: Во 250мл домашна ракија се додаваат 125г мед. Смесата се загрева додека медот не се раствори, и се прави гаргара 3 пати дневно.
При настинка и болки во грлото: Се нанесува ракија на крпа и се става црн пипер. Крпата се обвива околу грлото и се покрива одозгора со волнен шал. Дозволете така да отстои преку ноќ.
Компресијата со ракија не се препорачува на бремените жени, доенчиња и мали деца. Освен тоа ако правите компресирање со ракија на градите, никогаш не ја ставајте врз срцето.