Лекции по иритирање 4

house20Совет бр.63: Оставете ја новогодишната елка накитена до Маj. Во ова четврто продолжение од серијалот „Лекции по иритирање на 365.com.mk“ следат уште 20-тина нови упатства.

 

house

 
 

 

61. Конструирајте ваш сопствен “Трианглокодер“ и “скенирајте“ ги луѓето. На крајот од “скенирањето„ кажете им дека резултатите се “лоши и загрижувачки“
62. Барајте од сите да ви се обраќаат со “Генерале“
63. Оставете ја новогодишната елка накитена до Мај
64. Променете го вашето име во АаПЕТРЕ АаПЕТРЕВСКИ за да бидете прв во телефонскиот именик
65. Позајмете молив од вашиот колега и вратете му го изгризан
66. На опера, пејте заедно со оперските пеачи. На театар, повторувајте се што ќе кажат актерите
67. Речете „Којзнае за што служи ова црвено копче?“ и притиснете го
68. Побарајте од персоналот на ресторанот уште една столица за вашиот “имагинарен пријател“
69. Одете на поетски рецитал и смејте се гласно секогаш кога песната нема да има рима
70. Прашувајте ги вашите колеги мистериозни прашања, а потоа запишувајте ги нивните одговори во тетратка. Потоа тивко проговорете за себе “Знаев…“
71. Зјапајте во „снегот“ на телевизорот тврдејќи дека гледате “магична слика“
72. Поканете МНОГУ луѓе на туѓи забави
73. На работното место, секогаш носете ја картичката со вашето име обратно
74. Закажувајте состаноци за 31 Септември
75. Направете “crop circles" во вашиот тревник. Потоа јавете се во сите телевизии барајќи да се појавите во некоја емисија за натприродни појави. Фотографиите поставете ги на интернет.
76. Бричете се во јавни тоалети
77. Пуштете го системот “до даска“ и оставете некоја банална песна на repeat 50 пати
78. Намерно мрморете песни преку целиот работен ден за кои знаете дека ќе останат врежани во мозоците на вашите колеги.
79. НИКОГАШ не ги гледајте соговорниците во очи
80. СЕКОГАШ гледајте ги соговорниците во очи

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината
- Реклама -