Компанија од Калифорнија неодамна лансирала интересен нов производ кој може да придонесе на обидеите за намалување на телесната тежина. Компанијата, SENSA, создала иновативен начин на кој ќе го убеди вашиот мозок дека вашиот желудник е полн.
Очигледен факт е дека јадеме премногу. Но зошто? Едноставно така е програмиран нашиот мозок. Низ еволутивната историја, храната била тешко достапен ресурс, па за да се осигура преживувањето, луѓето почнале да јадат што е можно повеќе кога ќе најделе храна. За жал, кога има изобилство на храна, и кога истата е преполна со калории, како денес, резултатот не е баш најпријатен.
Доктор Алан Херш, лекар и научник кој специјализира во разбирањето на тоа како сетилата, особено оние за мирис и вкус влијаат врз функционирањето на мозокот. Тој забележал дека многу пациенти кои ги загубиле сетилата за мирис и вкус поради болест или повреда искусиле нагло зголемување на тежината. Одредени мириси и вкусови очигледно придонесувале во контролата на апетитот. Доктор Херш проучувал стотици соединенија, и по долги години истражување создал трошки, наречени “Tastants”, кои речиси немаат ни вкус ни мирис но имаат силно влијание врз центарот кој го контролира апетитот.
Неговата креација била тестирана во една од најголемите студии поврзани со производ за слабеење. Резултатите биле значајни. Во период од 6 месеци, 1436 жени и мажи ги ставале овие безвкусни трошки врз секој оброк, и ја намалиле својата тежина во просек за околу 14 килограми – речиси 15 проценти од нивната вкупна телесна тежина. Доброволците ги постигнале овие резултати без придржување до специјален режим на исхрана и вежбање. [How a new food sprinkle convinces the brain to stop over-eating]