Лејди Гага: Ме силуваше музички продуцент

Скандалозната ѕвезда Лејди Гага повторно ги шокираше фановите, но овој пат не со музиката или стајлингот.Пејачката откри дека кога имала 19 години била силувана од музички продуцент – 20 години постар од неа. Гага го сподели тоа во шоуто на Хауард Стерн.

Пејачката беше прецизна дека била силувана од музички продуцент, 20 години постар од неа. Запрашана за самото силување, таа одговори: „Не знам … Не сакам да … Нека зборуваме за весели нешта!” Водителот сепак продолжи да ја „чепка темата” и ѕвездата започна да раскажува.

„Испловив преку некои ужасни работи и тоа што сега можам да се смејам на темата, и го должам на психичката терапија која ја добивав во текот на годините. Мојата музика исто беше спас за мене. Но, знаете, јас не бев при себе. Искрено, тогаш имав 19 години. Токму излегував од католичко училиште и тогаш таа луда работа ми се случи, и јас си реков: “Леле, такви лисе возрасните? …” Бев многу наивна “, изјави ѕвездата.

Прочитајте и:  Затвор за сите 13 обвинети од „велешката група“ за сексуална злоупотреба на малолетничка

Запрашана дали се сретнала со силувачот оттогаш, Лејди Гага одговори:

„Мислам дека тоа ме парализира. Го видов случајно само еднаш во продавница и бев обземена од страв. Тогаш бев само малку постара.”

Гага не кажала на никого за тоа што се случило, бидејќи немала сили да зборува за тоа. Тоа е и причината насилникот што не добил казна.

„Не знаев што да мислам, не реков ништо на никого. И дури одбив да се сеќавам внатре во себе долго време. Најпосле си реков: Знаеш што? Целото ова пиење и сè друго, треба да го пронајдеш изворот, инаку едноставно нема да излезе “.

- Реклама -