По вечерата со долгогодишната пријателка Лиса Вандерпамп во еден ресторан, Лејди Гага се упатила кон автомобилот и пред објективите на папараците и минувачите доживеала мала незгода.
Пејачката која што моментално е во актерските води, изненадувачки не носела огромни потпетици како обично, но не ја проценила добро висината на тротоарот, па паднала пред очите на сите.
Интересно е и тоа што Гага не била многу расположена за разговор со медиумите, најверојатно поради тоа што 29 годишната ѕвезда имала испиено некоја чаша повеќе.
Сепак, таа останала доследна на својот имиџ на холивудска дива, па веднаш се исправила како да не се случило ништо, ги поздравила со раката сите и се вратила кон својот дом.