Познатата пејачка Лејди Гага потврди дека ќе снима документарен филм, на кој режиски ќе се потпиште фотографот Тери Ричардсон.
На своите следбеници на Твитер, пејачката вчера им најави дека со нејзиниот долгогодишен соработник и фотограф Тери Ричардсон решиле да снимат филм со документаристички пристап.
Merry Christmas little monsters! Terry Richardson @terry_world is making a #LadyGagaMOVIE documenting my life, the creation of ARTPOP + you!
— Lady Gaga (@ladygaga) December 25, 2012
Таа вели дека со овој проект ќе го оствари својот долгогодишен сон, но и дека документарниот филм е само почеток, а по него ќе следат уште многу други проекти.
Пејачката, исто така, соопшти на Твитер дека напредува и нејзиниот нов албум, кој ќе го носи името ARTPOP.
Лејди Гага последен пат на сцена беше со Rolling Stones, за време на нивниот настап како дел од турнејата за 50-годишнината од постоењето на бендот во Њу Џерси. Ексцентричната пејачка им се придружи на легендарната песна Gimme Shelter. [Lady Gaga confirms documentary film]
[youtube]dWvVzxvkioQ[/youtube]