Легендарен фудбалер на Арсенал и Барса е нов селектор на Албанија!

Бразилецот Силвио Мендеш Кампос Жуниор, кој е најпознат како Силвињо, е нов селектор на репрезентацијата на Албанија, каде што доаѓа на местото на Италијанецот Едуардо Реја, кој три ипол години беше на оваа функција.

Тој за помошник избра уште една поранешна играчка легенда, Аргентинецот хавиер Забалета, заедно со сонародникот Доривал Жуниор. Договорот е потпишан на 18 месеци, односно до крајот на ЕП 2024.

Силвињо е поранешен играч на Коринтијас, Арсенал, Селта, Барселона и Манчестер сити, кој тренерската кариера ја почна во 2011 година кога седна на клупата на матичниот клуб од Бразил. Го предводеше и Интер и Олимпик Лион, а работеше како помошник во бразилскиот национален тим. Неговата промоција ќе се случи во Тирана на 9 јануари.

- Реклама -