Легенда на Абердин застана во одбрана на Миовски поради постот од шест меча без гол

Легендата на шкотскиот фудбал и на славниот Абердин, Данкан Ширер застана во одбрана на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, кој влезе во пост од шест меча по ред и од 12 ноември нема дадено гол откако дотогаш погоди 11 пати во противничките мрежи по доаѓањето летоска од унгарска МТК.

Абердин викендов го чека полуфиналето во Лига-купот на „Хампден парк“ против Глазгов Ренџерс, а Ширер очекува македонскиот репрезентативец да остане стартер, иако не е во гол-форма како до паузата поради Мундијалот во Катар.

- Реклама -