Лефков: Најостро ги осудуваме заканите на Ковачевски до медиумите дека ќе квицкаат по подруми (ВИДЕО)

„Изразуваме најостра осуда и згрозеност од изјавите на Ковачевски за медиумите кои комплетно можат да се дефинираат како изјави за цензура и закани за сите медиуми во Македонија. Кога Ковачевски им упатува порака на медиумите дека повторно ќе квицкаат по подруми е незапаметен атак врз слободата на медиумите“, истакна денеска на прес-конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој прикажа и видео материјал од дел од нападите на Ковачевски кон медиумите, по што прочита и цитати од изјавите на лидерот на СДСМ и екс-премиер.

„Димитар Ковачевски упатува директни закани кон медиумите и новинарите. Неговите закани се со цел да се заплашат новинарите и да влијае на нивното известување“, заклучи Лефков.

Прочитајте и:  СДСМ: Наместо да и честитаат на Шекеринска, Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема

ВМРО-ДПМНЕ, рече, ги повикува Делегацијата на ЕУ и сите меѓународни организации и претставници на меѓународната заедница да реагираат на ваквиот чин, затоа што, според Лефков, „ВМРО-ДПМНЕ вистински се грижи за слободата на изразување, слободата на говор и слободата на медиумите“ и не сака ваквите показатели да бидат нотирани во идниот Извештај на ЕК само затоа што еден, како што рече, „неумесен политичар во заминување решил да го руши реномето на Македонија“.

- Реклама -