LED тетоважи

led_tetovazaНаучниците во своите истражувања се сè поблиску до конечното конструирање на биоразградиви силиконски направи кои би можеле да бидат имплантирани во човечкото тело. Нивните функции се бројни, а една од нив би можела да биде и „жива“ т.е. подвижна тетоважа.

tattoo-youНаучниците во своите истражувања се сè поблиску до конечното конструирање на биоразградиви силиконски направи кои би можеле да бидат имплантирани во човечкото тело. Нивните функции се бројни, а една од нив би можела да биде и „жива“ т.е. подвижна тетоважа.

За разлика од денешните чипови за имплантирање, како на пример оние кои се користат за идентификација на домашните миленици, овие малечки направи би ги претворале силиконските кругови во многу тенки свилени површини, како налепници, кои би биле доволно флексибилни за да се прилагодат на човечката кожа, а сепак би можеле да проектираат одредена слика.

Свилената површина после некое време би се растопила во телото оставајќи само мал чип кој ја контролира како трага. Силиконскиот чип е со големина на мало зрно ориз – само неколку милиметри, додека широк е само 250 нанометри.

Оваа технологија би можела да се користи со цел да ја претвора кожата на носителот во LED екран. На таа подвижна тетоважа без проблем би можело да се гледа телевизија, да се сурфа на интернет или едноставно да се има анимирана тетоважа.

Исто така, од медицинска гледна точка, тие екрани би можеле да бидат вградени во раката од каде секојдневно може да се следи состојбата на телото како отчитување на отчукувањата на срцето, крвниот притисок, новото на шеќер и холестерол кои би биле, во буквална смисла, на дофат на раката.

Компанијата Филипс го развива овој концепт за човечкото тело како платформа за електроника и интерактивна технологија вградена во кожата. Погледнете го концептуалното видео за нивната работа.

{youtube}NM1VuN5Iouc{/youtube}
- Реклама -