Леброн и Бекам ќе инвестираат во фудбалски клуб во Мајами

НБА ѕвездата, Леброн Џејмс разговарал со Дејвид Бекам околу можна инвестиција во фудбалски клуб од Мајами кој би се натпреварувал во МЛС.
Дејвид Бекам најави инвестиција во фудбалски клуб во САД, а дестинацијата која ја преферира е Мајами.

Леброн Џејмс кој го предводеше Мајами до две титули по ред е заинтересиран да му биде партнер на Бекам во основањето на фудбалскиот клуб.

„Има интерес и од двете страни. Дејвид ми е добар пријател. Мислам дека би било одлично градот да има фудбалски клуб. Но ова се само прелиминарни разговори” – изјави Леброн Џејмс кој има акции и во Ливерпул.

„Мислам дека ова е одличен град за фудбал. Има многу фудбалски играчи, има многу млади кои се интересираат за оваа игра”.

Текстот е објавен во соработка со 24fudbal.mk

- Реклама -