Лажен Kaspersky антивирус за WP и Андроид

Kaspersky Lab објави информации дека во продавниците на Windows Phone и Google Play се откриени две антивирусни апликации кои се претставуваат себеси како антивирусни решенија за мобилните оперативни системи од истоимената компанија.
Kaspersky Lab објави информации дека во продавниците на Windows Phone и Google Play се пронајдени лажни апликации за кои корисниците мора да издвојат одреден износ пред да ги превземат. Google Chrome Pro, Opera Mobile, Netscape Mobile, Internet Explorer, Mozilla Mobile и Avira Antivir се само некои од лажните апликации кои можат да се најдат во продавниците на Windows Phone и Google Play.

Најголемо изненадување е дека постојат две „антивирусни“ апликации за кои авторите тврдат дека потекнуваат токму од Kaspersky Lab. Лажната антивирусна апликација за Windows Phone е именувана Kaspersky Mobile, а верзијата за Android оперативниот систем Kaspersky Anti-Virus 2014.

16f9d0ffe6922db33073ec165c2f52fe

Кога станува збор за Windows Phone верзијата на апликацијата „програмерите“ се потрудиле и вградиле симулатор кој ги мамел корисниците за време на скенирањето на вируси, додека во реалноста не правел ништо освен што покажувал пополнување на прогрес барот. Кај верзиите за Андроид уредите со лажен антивирус не работело ни тоа, туку апликацијата покажувала произволна серија „извештаи“ кои се појавиле над логото на апликацијата.

Роман Уничек (висок аналитичар за малвер во Kaspersky Lab), верува дека сегашниот систем за откривање во рамките на овие продавници не се во можност да ги препознаат лажните апликации, и дека поради тоа во иднина ќе продолжат да се појавуваат ваквите апликации, кои ги искористуваат брзоплетоста и незнаењето на корисниците.

- Реклама -