Лазаров со сопствен клуб во Првата лига

Најдобриот македонски ракометар, Кире Лазаров, ќе има свој клуб и во Првата македонска ракометна лига, откако КЛ7 и официјално беше пријавен за настап во второто по квалитет натпреварување на домашната сцена (зад Супер-лигата).

Рокот за пријавување истекува на крајот од месецов, а КЛ7 реши да се испроба и во сениорска конкуренција. Овој клуб умешно ги поставуваше темелите во изминатите години, создаде силни екипи во младинските категории, за сега да се направи чекор напред и да се пријави сениорски тим, во кој младите би добиле можност да ги продолжат кариерите на највисоко ниво.

Клубот дефинитивно ќе биде базиран во Скопје, а огромни се шансите домаќин да биде во салата „Расадник“, доколку се финализираат преговорите за нејзино преземање и реновирање со помош на спонзорскиот тим на Лазаров. За тренер на тимот именуван е поранешниот стратег на Вардар, Андон Бошковски, кој ланската сезона ја мина на чело на суперлигашот Струга.

- Реклама -