Лавров: Зеленски се исплаши од одговорот на Русија

Шефот на руската дипломатиоја Сергеј Лавров денеска изјави оти претседателот на Украина, Володимир Зеленски е исплашен од одговорот на Москва и ги обвинува своите покровители.

– Што се однесува до нашиот одговор (употребата на хиперсонична ракета), колку што разбрав, Зеленски се исплаши и директно почна да ги обвинува своите патрони што го оставиле невооружен пред таквиот потег на Руската Федерација. Ова е веројатно корисен резултат. Бидејќи да се биде поблиску до реалноста, да се почувствува на своја кожа, веќе е нешто корисно, посочи Лавров на прес-конференција по заедничката средба на претставници на министерствата за надворешни работи на Русија и Белорусија.

Тој наведе дека Западот и одобри на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија.

Прочитајте и:  Украина: Новата хиперсонична руска ракета развила брзина поголема од 11 маха (речиси 3.8 километри во секунда)

– Рускиот претседател ова го спомна повеќе пати. Без нивното директно учество (на Западот), немаше да полета ниту една ракета“.

- Реклама -