Лавров за САД: Играњето со оган е многу опасно, Трета светска војна нема да биде ограничена само на Европа

Русија го обвини Западот дека „си игра со оган“ кога ја разгледува можноста за снабдување на Украина со ракети со долг дострел, кои би можеле да се користат на руска територија. Киев повеќепати побара од своите западни сојузници да го одобрат овој барање, но досега беше одбиен.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Западот „бара неволја“ дури и со самото разгледување на оваа можност и директно ги предупреди САД дека третата светска војна не би била ограничена само на Европа.

– Сега повторно потврдуваме дека играњето со оган – а тие се однесуваат како мали деца што си играат со кибрит – е многу опасна работа за возрасни луѓе на кои им се доверени нуклеарни оружја во една или друга западна земја, изјави Лавров за новинарите во Москва.

Прочитајте и:  Кампот на Камала Харис го обвинува Бајден за поразот од Трамп

– Американците недвосмислено ги поврзуваат разговорите за трета светска војна со нешто што, не дај Боже, ако се случи, би имало влијание само на Европа, додаде тој.

- Реклама -