Лавров: Сакаме конфликтот да заврши, но ќе одговориме на испраќањето западно оружје во Украина

Русија сака конфликтот во Украина да заврши, но ќе одговори на испраќањето западно оружје во Киев, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Според Лавров, руските сили ќе реагираат на испраќањето западно оружје со долг дострел во Украина со истуркување на украинските сили подалеку од нивните граници.

На овој начин Русија планира да создаде „безбедна тампон зона“.

„Сите би сакале конфликтот во Украина да заврши, но поддршката на Западот за Киев игра важна улога во тоа како Русија ќе се позиционира“, додаде Лавров во интервју за руската државна телевизија.

Извор: МИА

Прочитајте и:  Џо Роган: Бајден и Зеленски сакаат светска војна, Кличко му одговори - тоа е руска пропаганда
- Реклама -